Почина работник додека извршувал работни задачи во Музеј на град Скопје

пред 3 години

Педесет и осумгодишен работник вчера починал при извршување на работни задачи во Музеј на град Скопје, соопшти МВР.

Ѕ.Ј. од Скопје бил вработен во приватна фирма. Лекар од Итна медицинска помош на лице место констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Scroll to Top