По вчерашниот инцидент со смртта на 9-месечно бебе во Струмица, ВЕРБАЛНО БИЛА НАПАДНАТА ДОКТОРКА

пред 4 години

Докторка од Струмичката болница пријавила вербални закани од непознато лице по вчерашниот инцидент кога еден од роднините на починатото деветмесечно бебе во болницата бурно реагирал. Како што информира портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, се работи на целосно расчистување и документирање на случајот. Рендевска додава дека пријава за смртта на детето нема, бидејќи од болницата во полицијата пријавуваат само доколку има сомнеж за насилна смрт. Според лекарите, детето во болницата било донесено во многу тешка состојба поради што и покрај обидите за реанимација од страна на лекарите тоа починало.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top