Пратеникот на СДСМ Дарко Каевски позитивен на коронавирусот

пред 3 години

Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски е позитивен на коронавирусот. Тој на својот фејсбук профил објави дека има благи симптоми и дека останува во самоизолација до целосно оздравување.

„Другари и другарки, по првичните благи симптоми кои ги имав во петокот направив брз тест кој што беше негативен, но и покрај тоа направив уште еден Pcr тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен . Се чувствувам добро и сум со поблаги симптоми. Во изминатиот период бев максимално внимателен и ги почитував мерките од комисијата за заразни болести и министерството за здравство. Но, вирусот не прашува, така да, што е тука е и ова ќе помине. Во наредниот период останувам во самоизолација. Чувајте се почитувајте ги препораките и останете во добро здравје“, напиша Каевски на својот Фејсбук профил.

Пратеникот Каевски денеска токму поради ова причина не се појави на собраниската седница, а дека има позитивен пратеник од СДСМ, од говорницата информираше и координаторот на нивната пратеничка група.

Scroll to Top