Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на средба со граѓаните: Незадоволството е видливо, промените доаѓаат

пред 3 години

Акцијата „Пратениците со народот“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ продолжи и денеска.

Пратеникот Иван Јорданов оствари средба со жителите на општина Штип, Бојан Стојаноски оствари средба со жителите на општина Ѓорче Петров, додека пак пратеникот Бране Петрушевски оствари средба со жителите на село Горно Коњаре, кумановско.

„На средбата Јорданов слушајќи ги проблемите на граѓаните со кои секојдневно се соочуваат, а за кои власта за жал ги игнорира посочија дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи во Собранието да предлага и гласа закони само во интерес на граѓаните, не во интерес на владејачкото мнозинство и гарнитура на СДСМ и Зоран Заев.

Од жителите на општина Штип, Јорданов доби низа укажувања за лошото менаџирање на локалната самоуправа од страна на актуелниот градоначалник, како и лошата реализација на ветените проекти, нагласувајќи дека на градот и на граѓаните им е потребна промена, како и нова сила и енергија која што ќе работи за подобрување на животот на штипјани“, се наведува во партиското соопштение.

Пратеникот Бојан Стојаноски од средбата со граѓаните слушнал, како што се вели во извештајот, само разочарување и револт.

„Како што му беше кажано од страна на граѓаните властите не направиле ништо за општина Ѓорче Петров и не паметат кога последен пат ги посетил некој од власта. Исто така беше посочено од страна на граѓаните дека посебен акцент треба да се стави на економијата, инфраструктурата, здравството, невработеноста за да може да граѓаните живеат подобро“, посочуваат од опозициската партија.

Бране Петрушевски во село Горно Коњаре, кумановско, истакнал дека лажните ветувања на владата и градоначалникот излегле на површина уште на самиот почеток од преземањето на работата на општината.

„Целокупната слика во државата е незадоволство од страна на неспособноста на локалните власти, но и централната власт“, посочил Петрушевски.

Тој ги сослушал проблемите со кои се соочуваат жителите од овој регион и истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори ќе ги предложи најдобрите кадри за градоначалници и советнички листи на кои единствена обврска ќе им биде да ја реализираат програмата со цел создавање на поквалитетен живот.

Scroll to Top