Преку онлајн апликацијата попишани 45 755 граѓани

пред 3 години

До денеска попишани се 45 755 граѓани преку онлајн апликацијата на Државниот завод за статистика. Податокот, како што стои на нивната веб страницата, е заклучно до 9 часот денеска.

Преку онлајн апликацијата се попишуваат иселениците и вработените во дипломатско-конзуларните претставништа.

Попишувањето во земјава ќе почне на 1 април и ќе трае до 21 април.

Scroll to Top