Претплатдне сончево, попладне облачно со услови за дожд

пред 3 години

Времето во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.

Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има локални умерени до повремено поројни врнежи од дожд особено долж Повардарието појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има услови за појава на краткотраен умерен до пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (локално над 20л/м2), проследени со појава на грмежи во сабота и засилен ветер.

Во недела ќе преовладува облачно време проследено со умерен до силен северен ветер (над 60 км/час), а поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови врнежите ќе бидат од снег.

Дневните температури особено во северните делови позначително ќе опаднат.

Scroll to Top