Претседателите Пендаровски и Радев разговараа за перспективите за напредок во европската интеграција на С. Македонија

пред 3 години

Претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев денеска остварија телефонски разговор во кој се разговараше за позициите на двете држави во однос на условите за започнување преговори на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија.

Како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, двајцата претседатели разговарале за можноста да се постигне одржливо решение за европскиот развој на нашиот регион и особено, за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Шефовите на државите исто така разговарале и за можноста за остварување на посета на претседателот Пендаровски на Бугарија, кога ќе се создадат соодветни услови.

Scroll to Top