Приватните превозници утре ќе ja блокираат „Илинденска“

пред 1 година

Автобусите на приватните превозници од утре ќе се преселат кај бараките на Град Скопје информираат од „Слобода превоз“. Во кординација со преовизниците била однесена одлука, утре во 10 часот протестот да биде префрлен на булеварот „Илинденска“ каде ќе бидат блокирани сите леннти на потегот од зад Владата до Алумина.

Од „Слобода превоз“ објаснуваат дека одлуката е донесена затоа што управата на Град скопје е единствениот виновник за ситуацијата и затоа што сакаат да ги поштедат граѓаните од сообраќајниот хаос.

Приватните превозници со 200 автобуси блокираат неколку крстосници во главниот град во знак на револт поради неисплатениот долг од Град Скопје кој како што велат изнесува 90 милиони денари.

Scroll to Top