Приведени уште две лица за случајот „Јавна соба“

пред 3 години

Уште две лица се приведени за случајот „Јавна соба“, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Со двете нови лица бројот на досега приведени за овој случај е четворица.

Двајца од приведените се од Битола и по едно лице од Велес и од Штип.

„Се работи на откривање кој ја креирал ваквата група и кои сѐ биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност“, објави министерот Спасовски на „Фејсбук“.

Попладнево беа уапсени првите две лица, едно од Битола и едно од Велес, а кусо по апсењата „Јавна соба“ почна да се полни со една иста порака во која администраторот ги известува членовите дека е отворена нова група и ги повикува да ми пратат приватна порака за да им ја испрати.

Премиерот Зоран Заев ги повика членовите да излезат од групата оти МВР ќе ги добие податоците и сите ќе бидат обвинети и ќе одговараат за она што го прават. Премиерот рече дека побарале од „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“, а доколку од таму не одговорат на барањето најави дека ќе ја блокира апликација не поради цензура туку за заштита на граѓаните.

Scroll to Top