Приведен жител на Ерџелија за мачење животни

пред 4 години

Одделението за внатрешни работи од Свети Николе поднесе кривична пријава против жител на село Ерџелија поради основано сомнение дека сторил кривично дело „мачење животни“. Кривичната пријава е поднесена по објавата на видео на социјалните мрежи.

Од МВР информираат дека лицето М.Е. е приведено и со него е извршен разговор. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното Јавно обвинителство.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top