Приведен криминалец баран за издржување казна од 5 години

пред 3 години

Криминалец баран за затворска казна од пет години, приведен од полициските служби, информираат од министерството за внатрешни работи.

На 14.03.2021 полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потрага и Единицата за интервентна полиција во с. Арачиново го лишија од слобода лицето С.С.(44) години.

Тој се барал со потерница од КПУ „Идризово“ за издржување затворска казна од пет години и еден месец, а во врска со чл.261 ст.1 од Кривичниот Законик.

Лицето е спроведено во КПУ „Идризово“, велат од МВР.

Scroll to Top