Приведен прилепчанец поради обљуба на малолетничка

пред 3 години

Четириесет и шестгодишен маж од Прилеп е пријавен од родител дека извршил обљуба над нивната 15-годишна ќерка.

„ НККР при ОВР Прилеп денеска (23.01.2021) поднесе кривична пријава до ОЈО Прилеп за сторено кривично дело “обљуба со злоупотреба на положбата” против Р.П.(46), пријавен од родител дека извршил обљуба врз 15-годишна малолетничка“ соопшти МВР.

Од страна на судија на претходна постапка определена му е мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Битола.

Scroll to Top