Привремен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

пред 3 години

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с.Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00 и 15:00 часот, во времетраење од 15 до 20 минути.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Scroll to Top