Прилепчанец загина откако со возило излетал од коловоз

пред 3 години

Шеесет и шестгодишен прилепчанец загина денеска откако возилото со кое управувал излетало од коловозот на автопатот Велес – Скопје. Од МВР информираат дека сопатничката се здобила со повреди.

– Денеска околу 09:35 часот на автопатот Велес – Скопје патничко моторно возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управуванo од В.С.(66) од Прилеп во кое сопатник била Д.С.(88) од Прилеп излетало од коловозот. На местото на настанот загинал возачот В.С., додека во Општа болница Велес од доктор на Д.С. и се констатирани повреди. Телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција, посочуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

Scroll to Top