Притвор за мажот кој силуваше девојка во Делчево

пред 4 години

Притвор од 30 дена е определен за 24-годишниот маж кој пред два дена силувал девојка во Делчево.

Тој во саботата во вечерните часови, насилно влегол во семејната куќа на девојката, каде со употреба на сила ја присилил на обљуба.

Осуда  денеска изрази делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, кој ги повика надлежните органи максимално професионално да го водат случајот и да изречат максимална казна за сторителот.

„Делчево е во шок по немилиот настан, каде маж физички злоставувал жена во нејзиниот дом. Изразувам осуда за овој монструозен чин и ги повикувам надлежните органи максимално професионално да го водат случајот и да изречат максимална казна за сторителот, која ќе биде за пример за сите останати, кои ќе се дрзнат да посегнат и да нанесат физичка и психичка болка на жена“, рече Трајковски.

Scroll to Top