Притвор за скопски дилер кој бил затекнат со 20 килограми марихуана

пред 3 години

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против 43-годишен скопјанец за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Обвинетиот на 21 јануари, во автомобил, на паркинг во Скопје бил затекнат со 19,98 килограми марихуана спакувана во две најлонски црни вреќи, кои биле наменети за продажба.

„При претрес на автомобилот, полициски службеници ја пронашле и одзеле дрогата“, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото кое му се става на товар.​​

Scroll to Top