Пријави за двајца охриѓани – лумпувале во кафеана, по што нападнале полицајци

пред 4 години

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(42) од селото Лактиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против Љ.Р.(57) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување лице во вршење работи на безбедноста”.

Тие на 04.09.2020 во угостителски објект на ул.„Железничка“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир, по што Н.Т. најпрво упатил вербални навреди кон полициските службеници кои пристигнале, а потоа заедно со Љ.Р. и физички ги нападнале, спречувајќи ги полициските службеници во извршувањето на службените дејства.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top