Проблемот со платите во културата не само што не е решен, ТУКУ Е И ВЛОШЕН

пред 4 години

Проблемот со платите во култура не е решен, дури е и влошен, реагираат културните работници, кои за „Република“ велат дека половина институции сè уште немаат земено плата за јули. Покрај ветувањата дека августовската плата ќе биде исплатена до 10 овој месец, еве денес е 23-ти, но плата нема, реагираат тие. Од Министерството за култура за „Република“ потенцираат дека плата за месец јули немаат земено уште 2 национални и 10 локални установи, но причината е поради тоа што уште не ја доставиле потребната документација задолжителна според новиот Колективен договор. Културните работници алармираа и дека платите по новиот Колективен договор не се исплаќаат од буџетот за плати, туку од програмски средства, што е незаконски, а директорите добиле такви насоки бидејќи буџетот за оваа година за култура е речиси празен. Од Министерството на ова информираат дека платите за вработените во институциите од областа на културата се исплаќаат од посебно конто 401 и 402 кое е исклучиво за таа намена. Извор: Република

Извор: vecer.mk

Scroll to Top