Продолжен е рокот за исплата на финансиската поддршка од 6.000 денари

пред 3 години

Продолжен е рокот за исплата на финансиската поддршка од 6.000 денари за нешто повеќе од 24.000 граѓани до 31 март, соопшти Владата по денешната седница.

„Владата донесе одлука за продолжување на рокот за искористување на средствата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници до 31 март 2021 година“, наведува Владата преку соопштение.

Со ова продолжување на рокот за финансиска поддршка од 6.000 денари, околу 22.000 граѓани на кои им следува оваа финансиска поддршка, а кои не ги ажурирале своите податоци во банките, како и 2.132 граѓани на кои им се уважени приговорите, ќе можат да ја искористат оваа финансиска поддршка како една од Ковид-19 мерките за ублажување на последиците од пандемијата.

Scroll to Top