Пронајдена марихуана во затворот во Тетово

пред 3 години

Кај затвореник во затворот во Тетово била пронајдена марихуана, известува МВР.

Од таму појаснуваат дека вчера во 12,00 часот од затворот во Тетово било пријавено дека при извршен претрес во просториите на затворот била пронајдена марихуана кај затвореникот Н.Б.(58) од Тетово.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од министерството за внатрешни работи.

Scroll to Top