Протоколот за едукативните центри денеска на Влада, за игротеките готов до следниот состанок на Комисијата

пред 4 години

Протоколите за работа на едукативните центри ќе бидат разгледани на денешната владина седница, а протоколот за игротеките се очекува да биде готов до следниот состанок на Комисијата за заразни болести. – Донесени се протоколите за едукативните центри и денеска поминуваат на седница на Влада. Протоколи за функционирање добија и училиштата за деца со посебни потреби со оглед на тоа што анализата покажа дека се работи за мал број на деца во огромни училишни простории, рече Филипче на прес-конференцијата во Владата. Протоколот за работа на игротеките, како што посочи, се работи во координација со претставници на игротеките.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top