Работничка во фирма од Кисела Вода тешко повредена на работното место

пред 3 години

64-годишна работничка во фирма од скопската населба Кисела Вода вчера била тешко повредена при вршење на работните задачи, информираат од полицијата.

„На 21.04.2021 во 13.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди била донесена Т.П.(64) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повреди при извршување работни задачи во фирма на подрачје на Кисела Вода,“ се вели во соопштението од МВР.

Полицајците од СВР Скопје го известиле Трудовиот инспекторат и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top