Радев: 100.000 граѓани во Македонија имаат бугарско државјанство, да се почитуваат нивните права

пред 3 години

Бугарскиот претседател, Румен Радев, повикува на навремен одговор од одговорните институции во Бугарија и Македонија за проблемите со кои се соочуваат нивните државајни во земјава.

Ова следи по писмото од Бугари од Македонија, во кое тие изразуваат загриженост за нивна дискриминација.

Претседателот верува дека човековите права и заштитата од дискриминација се во срцето на демократијата. Тие се исто така основен дел од копенхашките критериуми за членство во Европската унија. Според шефот на државата, „почитувањето на слободното право на самоопределување на Бугарите во Македонија, кои и покрај сите репресии во тоталитарното минато, го зачуваа и отворено го искажуваат својот бугарски национален идентитет, претставува клучен чекор во развојот на добрососедските односи“.

Радев подвлече дека над сто илјади граѓани на Република Северна Македонија имаат бугарско државјанство, стекнато врз основа на слободно изразување на волја и документарна потврда за нивното бугарско етничко потекло. Илјадници други се во процес на разгледување на нивните апликации за бугарско државјанство.

„Очекуваме овие објективни факти да најдат израз во спротивставувањето на официјалните власти во РСМ против алармантните димензии на јазикот на омраза кон Бугарија и Бугарите во РСМ. Бугарите во Република Северна Македонија мора да имаат еднакви права со другите граѓани на земјата во согласност со највисоките светски и европски стандарди. Овој основен принцип на демократија е вграден во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји од 2017 година“, вели Радев.

Тој ги поддржува апелите во писмото до бугарските институции за олеснување на постапките за стекнување бугарско државјанство кои отворено го изјаснуваат својот бугарски идентитет, и институциите во Македонија да ги создадат сите услови и да го гарантираат правото на слобода и јасна изјава на волја да се дефинираат како Бугари по потекло во согласност со принципите на меѓународното право.

Бугарското МНР: Ние секогаш одговараме на сигналите за дискриминација на Бугарите во РСМ

По изјавата на Радев, реакција стигна од бугарското Министерство за надворешни работи, од каде што велат дека секогаш одговарале на сигналите за дискриминација на нивните сонародници во Република Северна Македонија на сите дипломатски нивоа и често ги објавувале овие постапки во јавноста.

„Задоволни сме што шефот на државата го дели нашиот став дека Република Северна Македонија мора да го почитува правото на самоопределување на сите свои граѓани, вклучително и на оние со бугарски идентитет“, соопшти Министерството.

Писмо од Бугарите во Македонија

Писмото до највисоките бугарски институции беше испратено од Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола.

Авторите посочуваат дека за неколку недели ќе се одржи попис во Македонија. Во врска со ова, тие бараат од бугарската држава да им обезбеди поголема безбедност со тоа што ќе им овозможи на сите оние кои се регистрираат како „македонски Бугари“ полесно да добијат бугарско државјанство.

Радев истакна дека тој го поддржува барањето.

Scroll to Top