Расправија во спортска обложувалница завршила со напад и закана со пиштол

пред 4 години

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.С.(38) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”.

„На 14.07.2020 во спортска обложувалница на ул.„Маршал Тито“ во Штип, пријавениот, по вербална расправија, со пиштол му се заканувал на Ј.С. од Штип, по што и физички го нападнал“, велат од полицијата во дневниот билтен.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top