Регистрирани 243 нови случаи на коронавирус, починаа 4 лица

пред 4 години

Во последните 24 часа се направени 1.831 тестирања, а регистрирани се 243 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-98, Струмица-21, Прилеп-12, Свети Николе-12, Кочани-11, Куманово-11, Струга-9, Радовиш-9, Берово-9, Штип-7, Битола-5, Гостивар-5, Гевгелија-5, Охрид-5,  Кавадарци-4, Валандово-4, Велес-3, Крива Паланка-2, Виница-2, Делчево-2,  Тетово-2, Неготино-2, Кичево-1,Пробиштип-1, Демир Хисар-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 100 оздравени пациенти од: Скопје-39, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-4, Велес-7, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-6, Гевгелија-2, Струмица-10, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Делчево-1, Кичево-2, Ресен-5. Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (65г.), од Битола (82г.), и двајца од Куманово (72 и 80г.). Три пациенти се починати во болница, еден вон болнички. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18602, бројката на оздравени пациенти е 15264, на починати е 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2585. Денес се евидентираат четири контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 7291, активни 891 • Куманово 1795, активни 186 • Дебар 287, активни 32 • Штип 1275, активни 60 • Прилеп 709, активни 134 • Тетово 1472, активни 149 • Струга 685, активни 50 • Велес 337, активни 31 • Битола 328, активни 73 • Охрид 437, активни 37 • Кавадарци 251, активни 49 • Гостивар 943, активни 82 • Гевгелија 135, активни 45 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 18 на Богданци и 12 се странски државјани) • Струмица 293, активни 178 • Крива Паланка 122, активни 36 • Радовиш 99, активни 35 • Крушево 20, активни 1 • Кочани 403, активни 183 • Пробиштип 117, активни 20 • Демир Хисар 62, активни 2 • Македонски Брод 93, активни 6 • Пехчево 45, активни 4 • Берово 122, активни 46 • Валандово 44, активни 31 • Виница 119, активни 30 • Делчево 167, активни 83 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) • Кратово 26, активни 2 • Свети Николе 371, активни 58 • Кичево 333, активни 35 • Ресен 164, активни 6 • Неготино 57, активни 10 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Направените 1831 теста се преку: ИЈЗ-502, ЦЈЗ Скопје-91, Авицена-336, Биотек-252, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори)-230, Систина со PCR метода -113, лабораторија Лаор –69, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-10, ГАК-17, Синлаб-22, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 193.652 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) • Чаир – 65 • Гази Баба – 102 • Аеродром – 144 • Карпош – 129 • Центар – 142 • Кисела Вода – 104 • Ѓорче Петров – 64 • Бутел – 32 • Шуто Оризари – 18 • Студеничани – 7 • Сарај – 15 • Арачиново – 6 • Илинден – 35 • Сопиште – 2 • Чучер Сандево – 6 • Петровец – 6 • Зелениково – 3 • Странец – 11 • Нераспределен-0

Scroll to Top