Само еден граѓанин казнет поради непочитување на полицискиот час во Велес, Кавадарци и Неготино

пред 3 години

Дежурни екипи на терен на СВР Велес во изминатите две ноќи од 22 до 5 часот наутро не регистрирале прекршувања за време на полицискиот час, којшто беше воведен оваа среда.

За непочитување на забраната за движење евидентирано е едно лице во Кавадарци, информира портпаролот Верољуб Додевски.

Против ова лице кое се движело без дозвола за време на полицискиот час, ќе следуваат соодветни мерки, најави Додевски.

Scroll to Top