СДСМ: Апасиев правеше сè со цел помошта за плати да не стигне до работниците

пред 3 години

Апасиев е лажен борец за работнички права кој прима државна плата, правеше сè помошта за плати да не стигне до работниците, велат од СДСМ по вчерашното гласање во Собранието за петтиот пакет мерки.

„Левица, партијата која се декларира како левичарска и која наводно се бори за работниците, во Собранието правеше сè за да се загубат работни места и работниците да останат без плата. Апасиев со плата од најмалку 60.000 денари, кој ја добива од граѓаните, правеше сè за граѓаните погодени од коронакризата да не можат да земат барем минимална плата за месеците февруари и март. По којзнае кој пат Апасиев повторно го стави својот политички интерес и его, пред потребите на работниците. Апасиев докажа дека е лажен левичар. Тој е само човек „по потреба” во Собранието кој одработува за туѓи партиски и лични интереси“, велат од СДСМ.

Владејачката партија додава дека наместо суштински да се бори за работниците, Апасиев гледа преку маката и грбот на работниците да се дограби до политички поени и притоа како по обичај, не нуди конкретни предлози и не учествува во работните тела на Собранието со свој придонес.

 

Scroll to Top