СДСМ го осудува нападот врз Палевски, бара да се најдат сторителите

пред 4 години

СДСМ остро го осудува физичкиот напад врз Љупчо Палевски од движењето „Трета“, стои во партиското соопштение.

„Во модерно, демократско општество, недозволиво е какво било насилство врз кој било поединец. Очекуваме надлежните институции брзо да го расветлат случајот, да ги пронајдат сторителите и тие да бидат соодветно санкционирани. Времето на неказнивост на насилството одамна заврши, сега е време на одговорност и секој што сторил насилство ќе се соочи со законите и правдата“, велат од СДСМ.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top