СДСМ: Мицкоски да го повлече тврдењето дека е потребен нов договор со Бугарија

пред 3 години

Владејачкиот СДСМ порача дека опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, треба да го повлече тврдењето оти е потребен нов Договор со соседна Бугарија, што е сосема спротивно на државните позиции и на директна штета на државните интереси.

Реакцијата следи откако Мицкоски изјави дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на власт ќе бараат нов договор со Бугарија, доколу соседната држава не ја смени реториката и не отстапи од своите позиции.

„Губитникот Христијан Мицкоски да престане да работи против својата држава, против својот народ и да не ги поткопува државните интереси. Тој велеше и дека може да направи подобар Договор и од Преспанскиот за подоцна да се повлече“, реагира СДСМ.

Социјалдемократите оценуваат дека постоечкиот договор со Бугарија е добар и не е потребен ниту нов, ниту пак анекс, туку доследно почитување на договореното.

„Нашите позиции се јавни и добро познати. За македонскиот идентитет не се разговара и не се преговара. Ние сме Македонци, кои говорат македонски јазик. Што и да прави Мицкоски не може да ја загрози нашата европска иднина“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Scroll to Top