СДСМ: Мицкоски шест пати губиш на избори и не ја учиш лекцијата, граѓаните во тебе гледаат само проблем

пред 3 години

„За лидерски средби потребни се лидери, а Христијан Мицкоски тоа не е, освен кога се работи за ширење лажни вести и дезинформации.Мицкоски не може да понуди никакви решенија, не може да нуди решенија оној кој прави само проблеми, поделби и лажни вести“, соопшти СДСМ.

Според партијата, гражаните во Мицкоски не гледаат решение, туку само блокатор на се што е добро за државата.

„Тоа досега требаше да ти стане јасно, по шесте изборни порази и издишаните протести што народот не ги поддржа.Мицкоски ти немаш став ниту за сопствените барања. Еднаш бараш лидерска средба, па потоа велиш дека нема да одиш, за денеска пак да бараш.Граѓаните одбраа и одбираат сигурност, развој, напредок и стабилност и добро знаат дека тоа со Мицкоски не е возможно. Затоа шест пати го казнуваат на избори и го остваат во опозиција“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Scroll to Top