СДСМ: Пописот е најважен државнички чин, бојкот на пописот е кривично дело

пред 3 години

Пописот е најважна државничка работа, но и граѓанска обврска и затоа е важно секој граѓанин да си ја исполни обврската и да учествува на пописот, велат од СДСМ.

„Со учество на пописот секој поединец дава свој придонес кон градење држава која се темели на точно утврдени податоци, а не претпоставки. Истовремено, непречено тече пописот на нерезиндентното население, односно на нашите иселеници во дијаспората. Според досегашните податоци, над 137.000 наши државјани во странство се самопопишале преку веб апликацијата, а процесот ќе трае до 21 април“, се наведува во соопштението.

СДСМ ги повикува сите граѓани од дијаспората да се приклучат на овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе од сите краеви на светот.

Од друга страна, велат од партијата, повиците за бојкот и одлагање на пописот кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и Левица се незаконски и антидржавни.

„Тоа се штетни ставови кои создаваат конфузија меѓу граѓаните и носат штета за државата. Бојкотот на пописот е кривично дело. Крајно време е политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица да престанат да работат на штета на државата“, велат од партијата.

Scroll to Top