СДСМ: Почитувањето на мерките и протоколите се најдобриот начин за заштита од коронавирусот

пред 4 години

„Почитувањето на мерките и протоколите се најдобриот начин за заштита од коронавирусот, оние кои ќе ги прекршуваат ќе се соочат со санкции. Целиот медицински персонал веќе седум месеци е во првите борбени редови во одбрана од коронавирусот и заштита на колективното здравје во државата. Здравствениот систем и сега во есенскиот бран на коронавирусот и растот на бројот на инфицирани е подготвен, да се бори и ќе се бори со вирусот. Состојбата со коронавирусот е многу сериозна, а во која насока ќе одиме и колку брзо ќе се стабилизира и овој удар на вирусот зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и препораки. Носењето заштитна маска, одржувањето физичко рстојание од два метри и честото миење и дезинфекција на рацете се клучни во борбата со коронавирусот. Владата предводена од СДСМ, на барање на инспекцискиот совет усвои измени на Законот за заштита на население од заразни болести. Со овие измени сите инспекциски служби добиваат нови, поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид протоколите. Со новите законски измени, овластување за изрекување на забрана за работа и прекршочен платен налог ќе добијат и Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и другите инспекторати на централно и локално ниво. Доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена на правните субјекти. Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет. Во овој период од исклучителна важност е почитувањето на сите здравствени ковид протоколи за да се заштити здравјето на секој граѓанин“, пишува во соопштението на СДСМ. Текстот СДСМ: Почитувањето на мерките и протоколите се најдобриот начин за заштита од коронавирусот е превземен од А1он .

Scroll to Top