СДСМ: Со приоритетите од Акција 21, ја носиме Европа дома, за подобар живот на сите граѓани

пред 3 години

„СДСМ како одговорна партија, во наредниот период со уште поголема верба и мотивираност ќе работи да ги донесе европските стандарди дома, во нашата татковина.

Следната година, но и годините по неа ќе ги посветиме на реализација на новата стратешка рамка на Владата „Акција 21 – за европски стандарди дома“, која опфаќа 10 приоритети, секој подеднакво важен за позитивна трансформација на македонското општество.

Прв приоритет е правосудството и негово прочистување со цел обезбедување на силна и ефикасна правна држава која испорачува правда.

Приоритет е и бескомпромисна и неселективна борба против корупција“, велат од СДСМ.

„Истовремено, се обврзуваме на силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина.

2021 година ќе биде година на конечно запирање на ширењето на КОВИД-19 и санирање на штетите од глобалната криза. Веќе е реализирана уплата за 833.000 во рамки на Ковакс механизмот, а стигнуваат и добри вести од нашите соседи, околу набавка на нови вакцини, во исто време кога ќе пристигнат од ЕУ.

Преку индустријата за одгледување канабис за медицински цели и за производство на продукти од оваа билка, светските и европски стандарди во новите економски можности ги носиме дома.

Меѓу десетте приоритети од „Акција 21“ се и спроведување на попис според стандардите на ЕУРОСТАТ, вложувања во енергетиката и инфраструктурата, борбата против лажните вести, реформи на образовниот систем, како и искористување на нови економски потенцијали.

Граѓаните заслужуваат да живеат во држава со европски стандарди, затоа ја носиме Европа дома, за подобар живот за секој граѓанин“, соопштува СДСМ.

Scroll to Top