СДСМ: Mицкоски да се врати во основно, само 39 пратеници застанаа зад него, а тој вели имал мнозинство

пред 3 години

Мнозинство во Собранието е 61 пратеник, а не 39 колку што се потпишаа за поддршката на губтиникот Мицкоски, велат во соопштение од СДСМ и додаваат дека парламентарното мнозинство е стабилно и тоа може само дополнително да расте.

„Бројот на пратеници на Мицкоски во Собранието варира од 39, колку што се потпишаа зад неговата поддршка, и 53 пратеници од целата опозиција во парламентот, кои гласаа за интерпелација на вицепремиерот Никола Димитров. Тоа е далеку од парламентарно мнозинство и со вакви математики Мицкоски треба да се врати во основно образование и да престане да шири лаги во кои не веруваат ниту во неговата партија“, нагласуваат од владејачката партија, од каде што му порачуваат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да сфати дека 100 пати повторена лага не може да стане вистина.

Scroll to Top