Семејството го објави отпусното писмо за починатата пациентка: Имало четири операции, а не една

пред 3 години

Сестрата на 33-годишната пациентка Ирена Костовска, која почина откако ѝ беше изваден миом од матката на Гинеколошко-акушерската клиника, го објави болничкото отпусно писмо, во кое се наведени четирите операции на кои била подложена.

Семејството бара одговорност од лекарите за смртта на Ирена и обвинува дека тенкото црево на четири места ѝ било продупчено и сошиено откако ѝ бил изваден миомот, а ова било откриено дури подоцна, на Клиниката за дигестивна хирургија.

Комисија што ќе ја формира министерот за здравство, Венко Филипче, ќе утврдува дали има лекарска грешка во случајот.

Scroll to Top