Се отвораат нови пунктови за вакцинација во Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово

пред 3 години

Владата на Република Северна Македонија на денешната 67 седница ја усвои Информацијата за формирање регионални центри за КОВИД – 19 вакцинација.

Како што соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, Владата го задолжува Министерството за здравство, во соработка со Министерството за образование и наука и општините Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово, да го координира спроведувањето на неопходните активности за формирање на пунктовите по примерот на пунктот организиран во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Scroll to Top