Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

пред 3 години

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени низ здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Вчера го донесовме нашето барање како Влада, испратено е до претседателот, јас очекувам дека во текот на денешниот ден врховниот командант на АРМ, а тоа е претседателот ќе даде зелено светло и ситемот за поддршка ќе може да функционира уште утре“, рече Шекеринска.

Војниците ќе бидат распределени по барање на здравствените институции, бидејќи според министерката здравствените лица треба да се посветат само на нивната работа, а не да се грижат кој е пред болниците.

Министерката изјави дека една од причините зошто беше даден предлогот за кризна состојба е затоа што во вакви услови можеме да ги користиме армиските сили.

„Согласно нашиот Устав и нашите законски одредби , АРМ не може да биде употребена во овие услови надвор од кризна и воена состојба“, рече Шекеринска.

Scroll to Top