Се уредува просторот за поставување монтажна ковид-болница во Кочани

пред 3 години

Во кругот на Општата болница со проширена дејност во Кочани почна уредувањето на просторот за изградба на платформа со приклучоци за струја, вода и канализација на која ќе се постави модуларна монтажна болница за згрижување пациенти со Ковид-19.

Монтажната болница во Кочани ќе биде алтернативен ковид-центар за осум општини од источниот регион и во неа ќе се обезбеди соодветен третман и тријажа, без притоа да се нарушува редовното работење на Општа болница и да се загрозува здравјето на другите пациенти.

– Општина Кочани ја презеде обврската за изградба на платформата на која ќе се постави монтажната болница, за што со измена на годишниот план за јавни набавки од општинскиот буџет обезбеди 3,4 милиони денари. Изградбата на модуларната болница, со сите потребни елементи и медицински апарати финансиски ќе го покрие Министерството за здравство, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Во меѓувреме, Општа болница со проширена дејност го зголеми постојниот капацитет за згрижување на ковид – пациенти за дополнителни 15 легла, со искористување на просторот на Одделението за физикална терапија.

Претходно, на дел од Интерното одделение на располагање беа ставени 25 легла со што во болницата во Кочани сега ќе има има вкупно 40 болнички кревети за згрижување на ковид-пациенти.

Scroll to Top