Се шири лажна вест: Немало крвава пресметка со убиени, туку сообраќајна незгода

пред 3 години

Немало крвава престрелка во Ченто со убиени, туку сообраќајна незгода. Со вакво објаснување, доцна вечерва излезе МВР, а откако десетина портали објавија дека по вчерашното пукање во Бутел, следувал нов крвав инцидент во Ченто. Некои од порталите ја избришаа веста, некои ги променија насловите, а има и такви кои објавија само демант.

„Дел од порталите, вечерва шират лажни вести за наводна престрелка во скопската населба Ченто и дури лицитираат со повеќе убиени. МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви подметнувања и да не веруваат на лагите кои ги пласираат овие портали туку да се информираат од професионалните медиуми, кои објавуваат проверени информации. Во Ченто вечерва имаше сообраќајна незгода, а не престрелка, како што беше објавена лажна вест“, стои во демантот на МВР.

Ова е втора лажна вест во изминативе 24 часа. Претходно, се шпекулираше дека драма се одвивала вчеравечер пред Ургентниот центар, каде наводно поголема група на луѓе барале реанимација на убиениот во Бутел. Во МВР не постои ваква пријава, ниту пак полицијата интервенирала. Единствено, како и по секој ваков настан, бил обезбедуван просторот кај Клинички центар.

Scroll to Top