СЗО во 2020 ѝ донира на Македонија медицинска опрема од милион долари

пред 3 години

Светската здравствена организација во 2020 година во земјава донираше заштита опрема, лабораториски сетови и медицинска опрема во вредност од 1.049.902 милион долари за справување со пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот, соопшти Министерството за здравство.

„Во делот на медицинска опрема преку Германскиот Фонд за Ковид-19, се донирани респиратори и пулсоксиметри за ковид центрите во земјава за да се овозможи адекватно лекување и третман на болните од корона. Сета донирана опрема е по стандардите за безбедност и квалитет на СЗО и е распределена во медицинските центри во земјава“, велат од МЗ.

Scroll to Top