„Синеплекс“ повторно ги отвора кино салите

пред 4 години

Скопје, 23 септември 2020 (МИА) – Со последната одлука на Владата, „Синеплекс“ инфромира дека почнува со работа на 24 септември 2020 година. – Предложените протоколи за организирање на настани од страна на Комисијата за заразни болести а прифатени од страна на Владата, „Синеплекс“ ги имплементираше во работењето, се со цел заштита на здравјето на посетителите и вработените, соопштои „Синеплекс“. Во соопштението се посочува дека за таа цел, вработените во „Синеплекс“ целосно ќе ги почитуваат и спроведуваат мерките како би ја зголемиле безбедноста и пред се ќе придонесат да се заштити здравјето на посетителите. „Синеплекс“ дополнително го зголеми и нивото на дезинфекција на просториите и салите, поставени се диспензери за хигиена на рацете, заштитни бариери, како и задолжителна заштитна опрема за сите вработени. Протоколот за работа на киното „Синеплекс“ ќе биде јавно објавен на официјалната веб страна www.cineplexx.mk . „Синеплекс“ апелира до сите посетители да ги почитуваат мерките се со цел заштита на јавното здравје, се нагласува во соопштението на „Синеплекс“. сп/

Извор: mia.mk

Scroll to Top