Синтезис со концерт ќе прослави 25 години артистичка кариера

пред 4 години

Групата Синтезис вечер со славенички концерт на плоштадот Мајка Тереза (плато пред МОБ), ќе го одбележи 25 годишниот јубилеј од артистичката кариера. Скопје, 23 септември 2020 (МИА) – Групата Синтезис вечер со славенички концерт на плоштадот Мајка Тереза (плато пред МОБ), ќе го одбележи 25 годишниот јубилеј од артистичката кариера. Концертот почнува во 20 часот, а специјални гости ќе бидат Влатко Стефановски и Наум Петрески. Етно групата Синтезис во изминативе 25 години има одржано повеќе од 500 концерти на сите континенти и настапи во некои од најпознатите светски сали и фестивали. Од своето основање во 1995 година, Синтезис се чувари на македонската традиционална музика, и нејзини оплеменувачи со нови музички форми и елементи. Групата има издадено осум албуми и има соработувано со најпознатите македонски музичари – Влатко Стефановски, Тоше Проевски, Наум Петрески и Борис Трајанов, како и со познати балкански имиња меѓу кои и Биља Крстиќ и Бистрик. Концертот ќе биде одржан со почитување на протоколите за организирање на настани во време  на пандемија од Covid 19, а билетите во строго ограничен број по цена од 200 денари се пуштени онлајн и на сите продажни места на Купи Карти За Се. Концертот е поддржан од Министерството за култура, Град Скопје и Комер цијална Банка АД Скопје.са/лв/

Извор: mia.mk

Scroll to Top