Скијачките центри добија дозвола и протокол за работа

пред 3 години

Со почитување на пропишаниот протокол, скијачките центри во државава ќе можат да почнат со работа. Ваква одлука донесе денеска владата која го прифатила мислењето на Комисијата за заразни болести според кое скијачките центри може да работат согласно соодветен протокол со пропишани превентивни мерки во услови на пандемија од КОВИД-19, имајќи предвид дека скијачките центри не располагаат со затворени гондоли на жичарите.

„Владата ги прифати и препораките на Комисијата во однос на Протоколот за безбедносни мерки КОВИД-19 за Ски Центри во Република Северна Македонија за измени во однос на обезбедување на редарска служба пред билетарите и ски лифтовите, задолжително обезбедување на физичко растојание од 1,5 – 2 метри и пред билетарите (како пред жичарите и ски лифтовите), ограничување на работа на угостителските објекти на терените само на отворен простор и со шалтерска продажба со прибор за еднократна употреба“ – стои во соопштението од прес службата на владата.

Scroll to Top