Скопјанец починал на пазарот во Чаир

пред 3 години

63-годишен жител на Скопје вчера починал на пазарот во Чаир, соопшти полицијата.

„На 11.04.2021 во 10.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пазарот во скопската населба Чаир има починато лице. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за Љ.К.(63) од Скопје,“ велат од полицијата.

Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, се додава во полициското соопштение.

Scroll to Top