Смарт-табли за кумановските средни училишта „Сами Фрашери“ и „Наце Буѓони“

пред 3 години

Општина Куманово со сопствени средства, гимназијата „Сами Фрашери“ и средното техничко училиште „Наце Буѓони“ обезбедија 34 смарт-табли, како дел од нагледни средства, објави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

– Зградата на поранешен ЗИК Куманово ќе биде целосно дигитализирана со овие најсовремени средства за следење на онлајн настава и настава со физичко присуство, со цел унапредување на начинот на образование, овозможувајќи им на учениците успешно да ги совладуваат наставните предмети и содржини, напиша Димитриевски.

Директорот на гимназијата „Сами Фрашери“, Африм Алити, истакна дека веќе се поставени дел од набавените средства по училниците и со нив ќе се овозможи квалитетно изведување на онлајн-наставата.

– Засега сѐ се одвива тековно, добра е конекцијата, наставата успешно се изведува, вели директорот на гимназијата „Сами Фрашери“ каде онлајн-настава следат 801 ученик.

На една од седниците на Советот беше донесена одлука училиштата од заштедените средства, од блок-дотации, заштеди од превоз и греење да ги пренаменат со проекти за санација на училишта, набавка на опрема потребна за спроведување на онлајн-настава.

Scroll to Top