Собранието го донесе дополнетиот закон за спречување и заштита од насилство врз жените

пред 3 години

Собранието денеска со консензус го донесе дополнетиот Предлог на закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

Пратениците го донесоа и Дополнетиот предлог на Законот за рамномерен регионален развој, за кој ВМРО-ДПМНЕ беше присутна во салата и гласаше воздржано.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, рече дека тие ќе гласаат воздржано со што ќе се овозможи донесување на законот, бидејќи се прифатени три нивни амандмани со што е одобрено законското решение.

Scroll to Top