Собранието ќе гласа за новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

пред 3 години

Собранието во рамки на денешната 31. седница треба да го избере составот на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

За членови на Комисијата се предложени Игор Јадровски, дипломиран правник од Скопје, Неда Чаловска Димовска, дипломиран правник од Скопје, Лимко Бејзароски, политиколог и доктор по историски науки од с. Пласница, Ирфан Деари, лекар специјалист од с. Боговиње, кои се со мандат од пет години, додека Кире Василев политиколог од Битола, Исмаил Камбери, магистер по правни науки, и Весна Бендевска, психолог од Битола, се предложени за мандат од три години.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на седница на 5 јануари годинава ја утврди предлог листата на кандидати за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

На денешната 31. седница Собранието исто така треба да го избере новиот состав на Државната изборна комисија.

Scroll to Top