Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: „Не“ за депонија на хаварисани возила во Драчево

пред 4 години

„Денеска на Советот на Град Скопје се направи мал чекор за советниците во Град Скопје но голем бенефит за граѓаните на Драчево и Батинци. Денес требаше да се донесе одлука за депонија на хаварисани возила во Драчево, советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ се спротивстави на таа одлука, се вели во соопштението.

„Денес на Советот на Град Скопје преовлада ум, разум, слух за потребите на граѓаните. Денес дел од советниците на Град Скопје рекоа „не“ на лошите политики на СДСМ. По два часа дискусија дали е потребно депонија на напуштени, хаварисани и нерегистрирани моторни возила да биде КП 1717КО Драчево 2 и КП 1718 КО Драчево 2 во општина Кисела Вода, Одлуката не доби мнозинство и не се усвои.Дел од советниците на Град Скопје решија дека граѓаните заслужуваат здрава животна средина. Време е да се стави крај на лоши политики на СДСМ кои го загрозуваат здравјето на граѓаните“, соопшти Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Scroll to Top