Советот на амбасадори го честита изборот на Бајден и Харис

пред 4 години

Советот на Амбасадори денеска упати честитки по повод изборот на Џозеф Бајден за претседател на САД, и за изборот на Камала Харис за негов потпретседател.

-Северна Македонија и САД се блиски пријатели и сојузници. Двете земји споделуваме заеднички интереси и приоритети, од мирот и безбедноста во Западниот Балкан, просперитетот на транс-атлантските односи, до климатските промени, наведува Советот на амбасадори во честитката.

Воедно изразува надеж дека новата американска администрација ќе продолжи да вложува во стратешкото партнерство со нашата земја. -Американската постојана поддршка кон нашата земја од денот на нејзионо осамостојување низ патот коне евроатланстките асоцијации преставува цврста основа за понатамошно унапредување и продлабочување на соработката во областа на безбедноста, демократските процеси, борбата против корупцијата, и сите области од заеднички интерес за двете земји, се вели во соопштението од Советот на амбасадори.

Scroll to Top