Сончево време со температура до 34 степени

пред 4 години

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 31 степен. Утре попладне и во петок времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови од земјава. Во петок ќе дува засилен северен ветер. Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top